Шокантна исповред на Владимир Путин: “Од нас побараа да се повлечеме од Киев, а потоа…“

Пратседателот на Русија, Владимир Путин, не ја отфрла идејата за мировни преговори за Украина, но нема да има прекин на огнот додека украинската Армија е во офанзива.

Ова го потврди претседателот на Русија на самитот во Санкт Петербург, наведувајќи дека африканските и кинеските иницијативи можат да послужат како основа за наоѓање мир.

Во ретроспектива, и Русија и Украина рекоа дека нема да седнат на преговарачка маса без исполнување на одредени предуслови. Официјален Киев вели дека нема да отстапи ниту една територија, додека официјална Москва порача дека Украина мора да ја прифати „новата територијална реалност“.

Но, бурата на самитот – и пошироко – беше предизвикана од тврдењето на Владимир Путин дека руската Армија се повлекла од опсадата на Киев на почетокот на инвазијата минатата година, бидејќи тоа било барано со цел да се создадат услови за потпишување на мировен договор.

Во основа, нацртот на овој мировен договор беше договорен. Но, по повлекувањето на нашите војници од околината на Киев, што ни беше побарано за да се создадат услови за склучување конечен договор, властите во Киев ги отфрлија сите претходни договори“, рекол Владимир Путин за време на самитот со африканските лидери во Русија.

Како што пишува Republicworld.com, неговата објава за повлекување на војниците мистериозно исчезнала од социјалните мрежи во Русија. Оригиналниот текст беше претставен на видео и моментално не е достапен како препис на веб-страницата на Кремљ.

Во средината на јуни, Владимир Путин, исто така, јавно го покажа нацртот на мировниот договор што двете земји го потпишаа во Истанбул за време на почетната фаза на инвазијата, исто така на состанокот со африканските лидери. Тој го обвини Киев дека потпишал договор со Москва, а потоа истиот го фрлил во ѓубриштето на историјата на состанокот со лидерите на Африка во Санкт Петербург.

Каде се гаранциите дека во иднина повторно нема да отфрлат некои други договори ? Русија никогаш не ги одбива преговорите“, тврди Владимир Путин.