ШОКАНТНА СЦЕНА НА ПОЗНАТА ХРВАТСКА ПЛАЖА: Морето како да врие за време на бура, а потоа ја менува бојата, луѓето гледаат со чудење (ВИДЕО)
Необична појава го привлече вниманието на минувачите за време на невреме на познатата плажа Коловаре во Задар.
Се чинеше како морето да зоврило, а потоа да ја сменило бојата.
Жената која го испрати видеото од необичниот настан во Задар до хрватските медиуми напиша дека по секој силен дожд морето се вознемирува, ја менува бојата, а пливањето не е баш најпаметното решение бидејќи сето тоа доаѓа од канализациските цевки.
– Не сум сигурна дали се работи за намерно испуштање измет кога нема капачи во морето, па лошото време се користи за неправилна цел или е само дождовница – рекла жената.
Не е прв пат вакво нешто да се случува на познатата задарска плажа , а хрватските медиуми наведуваат дека секој пат одговорот на властите бил дека дождовница се слева по окните, а потоа во канализационата цевка и во морето.
– Не се сомневаме дека и сега би го добиле истиот одговор. Затоа единствено решение е да не се капете кога врне или веднаш по него – наведува порталот Морски.