Шокантни совети за невестите од 1894: Многумина не би ни замислиле дека жените треба да им даваат малку и ретко на мажите – еве колку! (фото)

„Упатства и совети за млади невести“ од 1894 година денес се сосема незамисливи.

Рут Смитерс, авторка на книгата „Инструкции и совети за млади невести“, која е објавена во 1894 година, е полна со совети кои денес ни се сосема незамисливи. Така, таа ги советува младите жени дека „мора да издржат“ бидејќи на тој начин ќе ги задржат своите сопрузи, ќе имаат сигурна иднина и ќе имаат деца.

Како што вели, за една чувствителна млада жена, денот на нејзината венчавка е, иронично, и најсреќниот и најстрашниот ден во нејзиниот живот. Позитивната страна е и самата свадба, каде невестата е главна атракција. На негативна страна е брачната ноќ, за време на која невестата мора да ја плати цената, соочувајќи се за првпат со страшното искуство на интимност (со ова мислиме дека до тој момент била девица).

,,Некои млади жени всушност со љубопитност и задоволство го очекуваат искушението на брачната ноќ. Пазете се од таквиот став! Себичниот и сензуален сопруг лесно може да ја искористи таквата невеста. Едно кардинално правило за брак никогаш не смее да се заборави: Давајте малку, давајте ретко, а пред сè, давајте неволно.

Во спротивно, она што можеше да биде вистински брак може да стане оргија на интимна страст“, ​​пишува Рут.

Кога станува збор за интимните врски, важно е да се „одморите што повеќе“ пред самиот чин и да не го охрабрувате мажот за уште.

„На жените ги советува да не им помагаат на своите сопрузи да дојдат во креветот ако е темница, бидејќи со малку среќа може да падне и да се повреди, а тоа е добар изговор да нема интимни односи. Но, ако успее да влезе во кревет, еден од изговорите може да биде: морам да одам во тоалет“, напиша овој автор.

Според авторот, интимните односи двапати неделно се сосема доволни на почетокот на бракот, а на жената останува да се обиде со текот на времето да ја намали таа бројка. Тоа може да се направи со преправање дека имате главоболка или слично, а може да се направи и со преправање дека е во длабок сон.

Целта на оваа книга е да ги научи жените како да се однесуваат со мажите во кревет. Како што смета и самата авторка, жените не треба да ги поттикнуваат мажите на интимни врски, бидејќи во спротивно, ќе посакаат да имаат секој ден.

Во далечната 1894 година, таа ги предупреди жените дека мажите се „перверзни по природа“ што може да влијае на нивното достоинство.