Шокантни сцени од Италија, рекорди паѓаат: Во пожар се запали и авион на Кроација ерлајнс

Во Палермо е измерен рекорд – 47 степени Целзиусови, што дури ја надминува претходната највисока температура за 3,6°C.

Вчера на Сицилија урнаа температурни рекорди. Живата се искачи над 43 степени Целзиусови на целиот остров, додека во Палермо е измерен рекорд – 47 Целзиусови степени, што дури ја надминува претходната највисока температура за 3,6 степени Целзиусови.

Десетици домови се евакуирани поради пожари во предградието на Палермо – пожарите ги загрозија куќите, а отровните испарувања се испуштаат од пожар на депонија.

Од некои жители е побарано да се евакуираат, а на оние што останале им се препорачува да не ги напуштаат своите домови.

Властите известија дека во последните денови на Сицилија избувнале повеќе од 40 пожари, додека временските услови го поддржуваат нивното ширење. Се предвидува топлотниот бран да трае и во следните неколку дена.

Буктиња и се заканува на болницата Червело, а се приближи и до аеродромот во Палермо кој најави дека ќе биде затворен до 11 часот. Според „Кориере дела сера“ , веќе се откажани осум летови , а во пожар бил зафатен и авион на „Кроација ерлајнс“.

На Твитер е објавена фотографија од авионот на CA, а во коментарите се појаснува дека Хрватска нормално не лета за Палермо, туку дека морале да одат во Палермо бидејќи изгорел терминалот во Катанија.

Меѓународниот аеродром беше изолиран по копно неколку часа поради пожарот што го затвори автопатот А29 Палермо-Мазара дел Вало кој го поврзува автопатот со аеродромот, како и поради прекинот на железничкиот сообраќај.