Шокантно видео од Еди Рама! Приоѓа и ја фаќа италијанската премиерка од позади! Мелони е збунета а новинарите не можат да поверуваат што се случува (видео)

Албанскиот премиер Еди Рама со денови ги полни колумните на локалните и странските медиуми откако се појави шокантно видео на кое се гледа како се бакнува со италијанската премиерка Мелони.

Непримерниот гест на албанскиот премиер на неодамна завршениот самит на европските лидери во Молдавија крена голема прашина.

Во видеото албанскиот премиер Еди Рама ѝ приоѓа на Мелони одзади, по што тој ја фаќа за вратот и ја бакнува во образот. Збунетата Џорџа Мелони на почетокот не разбира што се случува.

– Успеав да го овековечам моментот кога албанскиот премиер Еди Рама ја „нападна“ италијанската премиерка Џорџија Мелони – напиша на Твитер новинарката Анета Захова.

Опозицијата остро гоносуди потегот на Еди Рама и порача дека премиерот на црвениот тепих се однесувал како холивудска ѕвезда.

– Рама ја бакна Мелони, но не му ја зголеми пензијата. Ние не сме против двајцата премиери да бидат пријатели, туку што има за народот. Што се политичарите? Холивудските ѕвезди треба да се однесуваат така. Не гласате за политичари затоа што се популарни, туку за работа. Главната грижа овде се кликовите. Властите се здружуваат и гледаат кој има најмногу кликови – изјави поранешниот претседател на Демократската партија Љуљзим Баша.

За време на неговата политичка кариера, Рама е познат по неконвенционалното облекување и шокантните потези за време на официјалните средби.