ШОКАНТНО ВИДЕО – СРАМНО ОДНЕСУВАЊЕ НА РОНАЛДО! Португалецот имаше излив на бес на теренот: Врескаше по судијата, па дивјачки го турна човекот!

Ал Наср го совлада Шабаб Ал Ахли со резултат 4:2 по големиот пресврт на крајот од натпреварот и се пласираше во групната фаза од азиската Лига на шампиони.

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието. За жал, не поради одличната игра и фудбалските вештини, туку поради скандалозниот испад што го имаше на полувремето.

По првите 45 минути игра гостите предводени од клупата на српскиот стручњак Марко Николиќ имаа предност од 2:1, па слабиот Португалец беше видно незадоволен.

Кога Роналдо отишол во соблекувалната на пауза, му се развикал на судијата, а потоа налутено го оттурнал човекот кој му се испречил.

„Разбуди се“, му викна Роналдо на судијата, верувајќи дека судијата го оштетил неговиот тим во неколку ситуации. Потоа дивјачки турнал човек кој чекал да направи селфи со познатиот фудбалер. Очигледно се работи за тренерот на младиот тим на клубот од Дубаи.

Погледнете го новиот испад на Португалецот: