Шокантно откритие, малиот психопат манипулирал со безбедносниот систем! Момчето-убиецот ја искористил омилената серија за да ги измами форензичарите?

Според извори од истрагата, било утврдено дека момчето-убиец два дена пред да упадне во училиштето и да отвори оган, ја исклучил безбедносната камера во делот од просторијата каде што се наоѓал плакарот.

Во тој плакар бил куферот на татко му, кој бил заклучен со шифра. Во куферот имало пиштоли и муниција, а момчето убиец ја знаело шифрата бидејќи семејството често го користела тој куфер кога патувале.

Изворот открива и дека момчето, инспирирано од криминалните серии како „Криминални умови“, користел слична тактика за да си ги покрие трагите исклучувајќи ја внатрешната камера во куќата. Свесен дека српските форензичари ќе ги прегледаат сите видео снимки, вклучително и оние од станот, знаел дека може да го видат како ги зема пиштолите. Изворот наведува дека е неверојатно 13-годишно момче толку прецизно да го подготвило ова убиство.

Кога момчето убиец било уапсено, истражителите биле изненадени. Ниту најискусните инспектори на МВР не можеле да поверуваат со кого имаат работа.

Извештаите од училиштето укажуваа дека тој е натпросечно интелигентно момче со интерес за спорт, но и вешто во работа со информатичка технологија. Сега е јасно дека тој бил способен да управува со безбедносната опрема и да ги вклучува или исклучува камерите по потреба.