ШОКАНТНО – Потресна исповед на семејството на убиениот чувар Драган: “Пукај ме! Не ги давам децата…“ – сестрата открива монструозни детали за манијакалното однесување на детето-монструм!
Полна со тага е куќата во селото Вишњичка бања во која живеел Драган Влаховиќ (53 г.), првата жртва на крвавиот поход на налудничавото момче убиец Коста К. (13 г.).
Новинарка од српскиот весник Republika.rs ги посетила мајка му Коса, татко му Живорад и сестра му Ружица, кои постојано плачат и сè уште не можат да поверуваат што се случило и дека никогаш повеќе нема да го видат својот сакан Драган…
Новинарите од соседството се шокирани од пораките: „Чичко Драган, благодарам за жртвата, за се“; Еве што бараат гневните граѓани од властите.
„Направив кафе да одам да го пиеме со брат ми на гробиштата. За среќа, закопан е на неколку минути пешачење од нашата куќа, па можеме да си одиме кога сакаме“, изјавила неутешната сестра, додека мајка ѝ седела до неа на креветот.
Горда на својот брат, сестрата вели дека може да го замисли Драган како се обидува да го спречи убиецот за да ги заштити децата.
„Кога го видовме во капелата, кога му го видовме изразот на лицето и стегнатите тупаници, сигурна сум дека истрчал пред него и кажал: ‘Пукај ме мене, само немој децата!’. Знам дека тој умре прв и во сета негова агонија добро е што не ги виде тие девет паднати ангели“, изјавила сестрата Ружица.
Мајката на Драган постојано тагува за животот на нејзиниот син кој рано згасна, а неговите фотографии се насекаде низ собата на полиците, но и портрети и цртежи кои учениците му ги посветиле во знак на благодарност на неговата жртва.
„Немам очи, душа, синко, те нема, нашата надеж згасна… Останавме со празна куќа“, со офкање зборувала неутешната мајка.
Освен семејството и пријателите, за Драган тагуваат роднините и целото маало.
Плачат по него во поштата каде што ги плаќал сметките и во продавниците каде што пазарел затоа што го познавале како насмеан, весел и добар човек.
Сестра му и мајка му се присетиле на кобниот ден и како дознале дека нејзиниот брат и син е убиен.
„Доаѓаат вести и слушам дека нешто се случува во училиштето, во тој момент шиев костим на внуката“, кажала мајката.
„Прво ми се јави внука ми и ме праша дали вујко и работи затоа што и треба нешто, но тој не одговараше. Потоа еднаш му се јавив, вториот пат… Не ми одговори. Се јави и другата сестра. Вклучувам вести и слушам за пукањето и дека тоа е негово училиште. Додека зборувам на телефон, на ТВ наеднаш го гледам лицето на Драган, но се убедувам дека не е тоа“, кажала во солзи мајката.
Се јавува медицинската сестра и и велам: „Не, не, не е тој, мислам дека помина пред камера. Бараме дополнителни информации. Се јавувам во училиштето, никој не ми одговара. Потоа и се јавувам на неговата колешка, ниту таа не одговори. Се јавувам во полиција… Велат дека не даваат информации по телефон и дека би било добро да дојдам. Кога ме прашаа дали сум сама, се ми беше јасно“, се присетила Ружица.