ШОК ВИДЕО ОД СКОКАЊЕ ЗА СВЕТИОТ КРСТ ВО ГРЦИЈА Ги надминаа Бугарите, се ќе ви биде јасно кога ќе ја видите сцената од борбата за светиот крст

Во Грција вчера се одбележа Големиот празник Богојавление Водици. Доброто време помогна за традиционалното капење за светиот крст, но дел од капачите, судејќи по видеата кои се појавија на мрежите, избраа по малку необичен амбиент.

Како што може да се види на видеото објавено на социјалните мрежи, капачот нурна по светиот крст , ни помалку ни повеќе, туку во фонтаната!

Свештеникот прво ставил крст во водата, а потоа човекот полека влегол во фонтаната, испливал еден круг и излегол со крстот. На крајот попот го благослови, додека насобраните снимаа и сите ги наградија со овации.

– Од авион се гледа дека не е местенка; Ова мора да е Бугарија – се дел од коментарите на видеото.

Како што се наведува на грчката инфо страница, се се одвивало на островот Хиос.

Грците слават празници според новиот календар, па Богојавление е две недели пред нашиот празник. Тие, исто така, пливаат кон светиот крст во чест на споменот на крштевањето на Исус. Исто како и овде, свештеникот особено го благословува оној што го вади крстот од море, река, езеро.