ШОК ВО СВЕТОТ НА ФУДБАЛОТ! ПСЖ го продава НАЈСКАПИОТ ФУДБАЛЕР ВО ИСТОРИЈАТА ! Овој клуб го сака Бразилецот и има само еден проблем

Од Франција пристигнуваат шокантни вести поврзани со Пари Сен Жермен и продажбата на една од најголемите ѕвезди во светот на фудбалот Нејмар .

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи, имаше средба со Тод Боли, сопственикот на Челзи, на која тема беше трансферот на најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот .

Бразилецот во ПСЖ пристигна во летото 2017 година за неверојатни 222 милиони евра, а клубот би можел да го напушти за значително помалку пари.

Француски весник. „Ле Паризиен“ наведува дека Ал-Хелаифи одредил цена од 60 милиони евра.

Нејмар има 31 година и договор до 2025 година, сепак, покрај висината на обештетувањето со што би се засилила клупската сметка, во Париз размислуваат и за неверојатна плата која би го растеретила буџетот.

Бразилецот заработува нереални 35 милиони по сезона и тоа може да биде проблем за Челзи, но и за секој друг клуб.