ШОК ВО ФРАНЦИЈА ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ИЗБОРИТЕ: Кандидатката на Марин Ле Пен се повлече поради ФОТОГРАФИЈА СО НАЦИСТИЧКА КАПА!
Кандидатката на екстремно десничарската партија Национален собир на северозападот на Франција, Лидивин Дауди, реши да ја повлече кандидатурата за вториот круг од парламентарните избори по објавувањето на нејзината фотографија со капа на нацистичката армија, објави денеска радиото Франс Бле.
Како што соопштија локалните претставници на Националниот собир, денеска е повлечена кандидатурата на Лидивин Дауди поради фотографија направена пред неколку години на која таа носи подофицерска капа на воздухопловните сили на Третиот Рајх со свастика.
🇫🇷 FLASH | Ludivine Daoudi, candidate du RN dans le Calvados, avait posé avec une casquette de la Luftwaffe (armée de l’air nazie), une croix gammée vissée sur le front. (Libération) pic.twitter.com/JdPXaMNS6N
— AlertesInfos (@AlertesInfos) July 2, 2024
Лидивин Дауди беше трета во првиот круг со 19,95 отсто од гласовите во нејзината област.
Партијата Национален собир беше преименувана во 2018 година, а дотогаш беше Национален фронт.
Партијата е основана во 1972 година од таткото на Марин Ле Пен, Жан-Мари Ле Пен, со двајца поранешни членови на Вафен СС.
Вториот круг од парламентарните избори во Франција е закажан за 7 јули, а во првиот круг најмногу гласови освои екстремната десница.