ШОК ОТКРИТИЕ НА АМЕРИКАНСКИТЕ МЕДИУМИ: ЦИА ЗНАЕШЕ ШТО СЕ ПОДГОТВУВА ВО РУСИЈА! Во Вашингтон настанала општа паника поради информациите за плановите на Вагнер!
Американските разузнавачки агенции открија знаци на плановите на Пригожин за државен удар во Русија во средата, пишуваат Њујорк Тајмс и Вашингтон пост.
Пред неколку дена американските разузнавачки агенции забележале знаци дека платеничкиот водач Евгениј Пригожин се подготвува да се побуни против рускиот естаблишмент, објавија американските медиуми.
Претставници на разузнавањето одржаа брифинзи во Белата куќа, Пентагон и на Капитол Хил за потенцијалните немири во нуклеарно вооружената Русија , еден ден пред избувнувањето на бунтот во саботата, објавија американските медиуми.
Во средината на јуни, шпионските агенции прво почнаа да ги следат индициите дека Пригожин и неговите платенички сили имале намера да се движат против руското воено раководство.
Њујорк Тајмс напиша дека до средината на неделата информациите биле солидни и алармантни, што довело до голем број состаноци во САД.
Додека американските разузнавачи открија информации дека Пригожин подготвува воена акција, тие станаа загрижени за хаосот во земја со моќен нуклеарен арсенал.
Американските разузнавачки агенции веруваат дека самиот Владимир Путин бил информиран дека Пригожин, некогаш близок соработник на рускиот претседател, планирал државен удар најмалку еден ден пред тоа да се случи.