ШОК промена на Бресквица по Изборот за Евровизија: Ја батали народната носија, се затегнала во ЛАТЕКС – на сите страни “летаат” ТЕТОВАЖИ, а сите се прашуваат што и се случило (Фото)
Ова не беше очекувано.
Популарната млада пејачка Анѓела Игњатовиќ, попозната по прекарот Бресквица, неодамна настапи на натпреварот „Песна за Евровизија“, каде ја изведе нумерата „Орлово гнездо“, која ја опиша како „вистинска српска, патриотска песна“.
Таа го зазеде второто место, зад победничката Теја Дора, иако доби најмногу гласови од публиката, а нејзиниот настап инспириран од српската традиција и српската носија, чии мотиви беа и на фустанот, како и венецот и белите крилја, беа нашироко коментирани во јавноста
Бресквица тогаш изненади многумина, а сега, очигледно, реши да се врати на старите патеки.
На мрежите се појави најава за нејзината нова песна, потоа видео верзија на истата, а во преден план се провокативниот аутфит, латексот и нејзините тетоважи кои покриваат голем дел од нејзиното тело.
– Јас и ти сме друга димензија, но сега ме работи оваа тензија. А ти би, мили, исто што и јас, тоа го гледам во твоите очи, твојот поглед ме краде, цела сум стопена – вели Бресквица во новата песна, која ќе излезе наскоро.
– Ти си хипнотизиран, ти фрлив магија! – вели таа во описот на една од објавите кои го најавуваат видеото.
Бресквица, инаку, во вакви изданија најчесто се појавуваше пред српскиот избор за „Евровизија“, па многу нејзини обожаватели се радуваа на изданието за новиот спот.