ШОК! ФОТОГРАФИИ И ВИДЕА НАЈДЕНИ ВО ТЕЛЕФОН НА ТАТКОТО: Момчето убиец призна како решил да пука во училиштето

За време на четиричасовниот распит, момчето убиец рекол дека немало да одлучи да „пука ако не го фалеа толку“.

Момчето (14) кое го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ на распит во рамки на истрагата против неговиот татко немало самодоверба кога станувало збор за пукање од пиштол, тоа е заклучокот по распитот.

За време на сослушувањето, момчето изјавило дека неговиот татко и луѓето кој го тренирале на стрелиштето го пофалиле дека е прецизен и добар стрелец.

„Веројатно немаше да одлучам да пукам ако не ме пофалија толку многу“, наводно одговорило момчето на прашањето.

Момчето рече дека вежбало пукање во „Партизан“ и дека првиот контакт со оружје не му го обезбедил татко му, туку инструктор на стрелиштето кого го опишал како „слаб, седокос, со кратка коса и средовечен”. Тој кажа и дека го тренирал да пука со пиштол Глок, а на стрелиштето имало и други инструктори освен овој што го опишал, но дека не ги знаел нивните имиња.

На телефонот на таткото се пронајдени фотографии и видеа од момчето како пука со пиштол .

Вишото јавно обвинителство (ВЈТ) во Белград, да потсетиме, формираше посебен предмет со цел да се утврдат сите околности поврзани со работата и делувањето на Стрелачкиот клуб „Партизан“.

Се утврдува дали со одреден внатрешен акт се пропишани условите за користење на услугите на овој стрелачки клуб, односно дали во него се дозволува влез и престој на малолетници, потврдија од ВЈТ.

Исто така, побарано е да се утврди дали таткото и неговиот син биле обучени за ракување со огнено оружје , како и дали таткото против кого обвинителството веќе води истрага поради сомнение дека сторил тешко кривично дело против општата безбедност си донел сопствено огнено оружје и кое. Се истражува и дали неговиот син го користел и тоа оружје“, наведува соговорникот.

Од ВЈТ нагласуваат дека е потребно да се утврди колку пати таткото и неговиот син ги користеле услугите на стрелиштето, дали момчето дошло таму сам или во придружба на родителите, дали се занимавале со стрелачки спортови, како и дали имале обврска да достават лекарско уверение за користење на услугите на стрелиштето. Се утврдува и дали Стрелачкиот клуб „Партизан“ е дел од Стрелачкиот сојуз на Србија.