Шок! Џенифер Лопез и Кевин Костнер во врска?! Холивудските ѕвезди фатени заедно, фотографиите го обиколија светот!

Џенифер Лопез и Кевин Костнер беа фатени заедно во монденското зимско одморалиште во Аспен во американската сојузна држава Колорадо!

Фотографиите го обиколија светот, а американските медиуми брмчат дека Џенифер Лопез нашла утеха кај колегата  Кевин Костнер по разводот со Бен Афлек .

Џенифер Лопез и Кевин Костнер вчера биле во Кемо Саба во Аспен, Колорадо – Џеј Ло (53) навистина уживала, цело време се смешкала и уживала во пијачка, додека актерот гледал во мобилниот телефон. Изгледаше прилично опуштено, а имиџот на овие две холивудски ѕвезди блесна во миг.

Џеј Ло е голем обожавател на неговата серија „Јелоустоун“, чиешто финале на петтата сезона се емитуваше на почетокот на овој месец, во март 2023 година.

Лопез му кажа на својот поранешен сопруг дека ја сака вестерн драмата и дека ги сака главните актери и приказната што се одвива меѓу нив.

Џенифер Лопез и Кевин Костнер ги спојува фактот што се соочија со развод, таа по четврти пат, а тој по втор пат.

Поранешната сопруга на Кевин Костнер, Кристин Баумгартнер (50) поднесе барање за развод во мај 2023 година по 18 години брак. По неколкумесечна борба за финансии, вклучително и за издршка на деца, тие се разведоа спогодбено минатиот септември. Оттогаш Баумгартнер ја продолжи својата врска со Џош Конор, со кој наводно се забавувала пред да раскине со актерот.

Џеј Ло и Бен Афлек се разведоа пред неколку месеци, беа во брак две години, а пред две децении се откажаа непосредно пред самата венчавка.