– Германија „со загриженост“ ги следи немирите во Франција, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.
Во интервју за телевизискиот канал АРД, Шолц изрази надеж дека француските власти брзо ќе ја исконтролираат ситуацијата, пренесе БТА.
– Не очекувам Франција да стане нестабилна, иако (телевизиските) снимки се многу загрижувачки, рече Шолц.
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера соопшти дека ја одложува државната посета на Германија, која требаше да започне вечерва.
Причината за одложувањето се немирите во Франција кои избувнаа во вторникот по убиството на тинејџер од страна на полицаец во предградие на Париз.