– Германскиот канцелар Олаф Шолц ги повика граѓаните да заземат став против насилството по серијата напади врз политичарите во пресрет на европските избори во јуни, јави ДПА.
-Насилството ја загрозува демократијата и затоа мораме да застанеме заедно како граѓани против тоа, изјави денеска Шолц.
Коментарите на канцеларот доаѓаат по бруталниот напад на водечкиот кандидат на Социјалдемократската партија (СПД) за европските избори во покраината Саксонија, Матијас Еке.
На 3 мај, Еке лепеше плакати во источниот град Дрезден, кога беше толку многу претепан што мораше да биде однесен во болница. Само неколку моменти претходно, пратеник од Партијата на зелените исто така беше нападнат додека лепеше плакати во истата населба, наведува ДПА.
-Сето ова е неприфатливо под никакви околности, без разлика на која партија е насочено. Не смееме да креваме раменици и да мислиме дека нема да биде толку лошо, предупреди Шолц.