Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе биде под истрага за неговата вмешаност во измама тешка 30 милијарди евра, објави американскиот весник Политико.
Од весникот изјавија дека германската опозиција сака да започне парламентарна истрага за можната вмешаност на Шолц во скандал со затајување данок од големи размери.
Станува збор за случај од пред повеќе од пет години, кога Шолц беше градоначалник на Хамбург, а се поврзува со поширокиот случај „Кум екс“, во кој државата е оштетена за повеќе од 30 милијарди евра со тоа што некои банки, компании и поединци од властите добија поврат на данок за трошоци кои никогаш не биле направени.
Регионалниот парламент во Хамбург планира да го покани Шолц во истражната комисија која го истражува скандалот.