Шоу на Хепи, Вучиќ црташе на табла, камерманите му се “смееја”, тој негираше дека Албанец му е татко, а Фехри Муслиу кажа дека само бил колега со мајка му на Вучиќ (Видео)
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, гостуваше на српската национална ТВ Прва, каде одговори на бројните критики на медиумите, но и на обвинувањата на неговите противници од опозицијата.
Вучиќ рече дека не е добро што лидерите на опозициските партии се навредуваат на невкусни начини на плакати, како што е случајот со Павле Грбовиќ, претседателот на Движењето на слободни граѓани.
„Ме напаѓаат дека имам грди усни, ништо не сум направил на усните, виновна е мајка ми која ме родила така. Тоа е прашање на генетика. Ме обвинуваат дека Фахрудин Муслиу ми е татко. Во оваа прилика им велам дека татко ми се вика Анѓелко Вучиќ, а не Фахри Муслиу“, рече Александар Вучиќ, пренесе Слободна Босна.
Фахри Муслиу е албански новинар кој долги години бил вработен во Радио телевизија на Србија, каде била вработена и Ангелина Вучиќ, мајка на претседателот на Србија, пишува Слободна Босна.
Муслиу му вели на Данас дека не сака да го коментира тоа што Вучиќ го спомнал, бидејќи, како што истакнува, не се занимава со клевети, кои и да се тие“.
Нека се забавуваат Србите и Албанците со глупости, бидејќи во крвта им е да се занимаваат со клевети и туѓи животи“, изјави Муслиу за Данас.
Како што додава, „тажно е кога политичарите и новинарите се занимаваат со измислици и клевети заради некаков личен, валкан интерес и немоќ, без да помислат дека им нанесуваат навреда и душевна болка на другите споменати“, посочува Муслиу.
Своевремено, по пишувањата во медиумите дека тој е биолошки татко на Александар Вучиќ, Фахри Муслиу демантираше.
„Не го познавам Александар Вучиќ. Неговата мајка беше моја колешка, но никогаш немавме ништо повеќе од фактот дека работевме заедно и бевме колеги. Ваквите изјави се само шпекулации“, изјави претходно Муслиу, пренесува Слободна Босна.
Ja na faxu
— Dobar Loš Vučić (@asomakumbrother) October 31, 2023
– kolega i kako ste dosli do tog rezultata?
– evo ne znam pic.twitter.com/eEstT1S4o7
Инаку вчера Вучиќ гостуваше во емисијата на Миломир Мариќ, Ќирилица на Тв Хепи каде на табла, која му била подарок од Кина, пишуваше и објаснуваше кои биле резултатите од неговото владеење. Во еден момент се слушна нешто што доаѓаше од зад камерите, на некои снимки се слуша како тивко смеење, што предизвика нервоза кај Вучиќ и додека одеше емисијата во живо тој да ги праша дали има некаков проблем. Еве како тоа беше пренесено на социјалните мрежи:
Moj profesor kad dođe pijan na čas 😂😂😂 pic.twitter.com/nmppoP8xPZ
— Dragan Vidaković Mrki P.S.Gerila (@protivdictature) October 30, 2023
Na njegove lažljive brojke koje piše na tabli smeju se i kamermani u studiju Happy televizije. 🤣🤣🤣 pic.twitter.com/G7hL75q8oH
— Nikola Lakic (@NikolaLaki3) October 30, 2023