Шојгу во посета на Стратегиските ракетни сили

– Министерот за одбрана на Руската Федерација, Сергеј Шојгу, изврши увид во единиците на Стратегиските ракетни сили во рускиот регион Калуга.

Руското Министерство за одбрана потврди дека Шојгу ги посетил воените единици на Стратегиските ракетни сили стационирани на западот на Русија.

Командантот на Стратегиските ракетни сили, Сергеј Каракаев, го информираше ресорниот министер Шојгу за состојбата и активностите на таа база, вклучително и за процесот на опремување на одредот со интерконтинентални балистички ракетни системи „Јарс“ и за создавање модерна инфраструктура.

Министерството објави и видео снимено за време на посетата на министерот.