Шпанска галија крие богатство од 20 милијарди долари, а оваа земја сака што побрзо да го добие (ВИДЕО)

Колумбија сака да ја забрза својата мисија за извлекување на потонато богатство во вредност од околу 20 милијарди долари, а голема правна битка се води околу сопственоста на богатството старо три века.

Претседателот Петро Густаво и нареди на својата администрација да го извади „светиот грал на потонати бродови“ – шпанскиот галеон Сан Хозе – од дното на Карипското Море што е можно поскоро.

Петро нагласи дека тоа му е еден од приоритетите пред да му заврши мандатот во 2026 година.

Бродот носи сребро, злато и накит во вредност меѓу четири и 20 милијарди долари.

Но, се поставува прашањето на кого точно му припаѓа богатството, односно кој прв го нашол.

Галијата Сан Хозе, со 600 членови на екипажот, потона на 8 јуни 1708 година за време на битка против Британците. Стана тема на многу легенди бидејќи локацијата на потонувањето не беше позната.

Американската компанија „Глока Мора“ во 1981 година објави дека го лоцирала изгубеното богатство, а координатите и ги предала на Колумбија, барајќи половина од богатството откако ќе биде пронајдено и собрано.

На бродот Сан Хозе има бројни вредни предмети

Во 2015 година, тогашниот претседател Хуан Мануел Сантос објави дека морнарицата ги пронашла остатоците од бродот на друга локација во морето.

Колумбија никогаш не ги објавила координатите на бродот, но компанијата, сега наречена Sea Search Armada, верува дека станува збор за истата урнатина.

Затоа Американците решија да ја тужат Колумбија за половина од богатството, односно 10 милијарди долари.