Шпанскиот напаѓач Хоселу на заем во Реал Мадрид

– Хозе Луис Мато Санмартин, познат како Хоселу, од Еспањол премина во Реал Мадрид на една сезона на заем.

„Реал Мадрид и Еспањол постигнаа договор за зајмување на Хоселу, кој ќе игра за клубот следната сезона, со опција за купување на крајот од сезоната“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.

Хоселу се вклучи во младинската академија на Лос Бланкос на 20-годишна возраст, а своето деби за првиот тим го имаше во 2011 година.

Шпанскиот репрезентативец ѝ помогна на својата репрезентација да ја освои Лигата на нации во 2023 година и постигна три гола на четири настапи.

Триесет и тригодишниот напаѓач има настапувано и за Ајнтрахт Франкфурт, Хановер 96, Стоук Сити, Депортиво ла Коруња, Њукасл Јунајтед и Алавес.