Шпански медиуми: Жерар Пике наскоро ќе ја објави веридбата со Клара Чија

Откако ја изневерил Шакира со својата нова девојка, Жерар Пике наводно наскоро ќе ја објави свршувачката со Клара Чи Марти. Шпанските медиуми тврдат дека двојката ќе се венча веќе овој месец, а свршувачката ќе ја објави на важен датум за Пике.

„Огласот ќе биде јавно објавен на важен датум за Пике, на венчавката на неговиот брат Марко кој на 24 јуни ќе се ожени со својата сакана од детството Марија“, тврди извор близок до фудбалерот.

Фатална тегла џем 

Да потсетиме, Шакира и Пике беа во брак 12 години и имаат два сина Милан (9) и Саша (7). Шакира наводно ја открила неговата измама откако забележала дека во куќата недостасува  џемот од јагоди што само таа го јаде.

Пејачката објави две одмазднички песни, а сагата за нејзината кавга со бившата свекрва доби епски размери . Шакира се пресели во Мајами со своите деца, а неодамна беше видена на трката во Формула 1 во друштво на актерот Том Круз.