Шпанците открија што му рекол Ѓоковиќ на Модриќ во соблекувалната на Реал Мадрид (видео)

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ во неделата во живо го следеше натпреварот од шпанската Примера помеѓу Реал Мадрид и Атлетико.

Натпреварот беше решен во третата минута од судиското надополнување кога Федерико Валверде погоди за 1:0 и победа на кралскиот тим.

По натпреварот, Ѓоковиќ ја посети соблекувалната на Реал Мадрид и разговараше со играчите на Лос Бланкос.

Медиумите ги интересираше што му рекол Ѓоковиќ на Лука Модриќ, а сега Шпанците ја открија содржината на нивниот разговор.

„Не можам да верувам дека постигна гол“, му рекол Ѓоковиќ на Модриќ, мислејќи на неверојатниот гол на уругвајскиот играч за врска на крајот од натпреварот.

Тоа беше момент на меѓусебна почит, но и на опуштен разговор меѓу двајцата шампиони.