Шпанците пишуваат дека Реал подигнал кредит од 130 милиони евра за да го доведе Килијан Мбапе, тие на сметката имале најмалку пари во последните 20 години
Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ги засили редовите на Реал Мадрид во овој преоден рок откако му истече договорот со Пари Сен Жермен.
Реал му плати на Мбапе 100 милиони евра за потпишување на договорот, а годишната плата на одличниот Французин ќе биде 31,2 милиони евра бруто.
Тоа е голем финансиски залак дури и за Реал Мадрид, па порталот Возпопули пишува дека клубот подигнал позајмица во висина од 130 милиони евра пред да ја исплати првата плата.
Тоа го направи во банката со која преговараат половина година, бидејќи веќе и должи нешто помалку од 400 милиони евра, а му падна и кредитниот рејтинг што го нарекуваат ризичен и опасен бизнис.
Шпанските медиуми затоа пишуваат дека Реал во моментот на доведување на Мбапе на сметка имал „само“ 82 милиони евра како пари за тековни работи.
Тоа е најмалку во последните 20 години.
Да потсетиме, Реал треба да задоволи двоен финансиски фер-плеј, како првенствениот така и оној наметнат од УЕФА и затоа му требаат многу пари.