Штом наполни 18 години се омажи за својот братучед! За оваа свадба се зборува и денеска: Цел град беше поканет на прославата, а младоженецот имаше 73 кумови! (фото/видео)

Свадбите се прекрасен дел од секоја култура, иако обичаите се многу различни, па венчавката на младата Шантел и Џим беше речиси бизарна!

18-годишната Шантел Кили се омажила за својот братучед Џим за време на „сезоната на венчавки“ во нејзиниот роден град во Ирска. Нивната венчавка привлече големо внимание и беше прикажана во епизодата „My Big Fat Gypsy Wedding”, а тие се членови на „залутаните луѓе“, односно Ромите од Ирска, кои поминуваат дури десет месеци годишно патувајќи низ светот, а потоа се враќаат дома во декември за сезоната на свадби.

Свадбата на Шантел и Џим беше посебна не само затоа што тие се братучеди (вакви бракиви се легални во Обединетото Кралство и Ирска) туку и затоа што целиот град беше поканет на прославата!

Фустанот на невестата бил украсен со 20.000 кристали, а бил дело на омилениот моден дизајнер во нивната заедница.

Шантел имала „најмалку седум деверици“, како што пренесуваат медиумите, додека младоженецот дошол на настанот со дури 73 кумови, а целата прослава ја одбележала големата барби торта.

Дизајнерката која го креираше фустанот на невестата, Телма Мадин, вели дека тие се „многу фини луѓе“.

– Девојките овде во Раткил се многу почитувани. Сакаме да кажеме дека ирските „патници“ се враќаат 50 години наназад, но девојките од ова место се враќаат 100 години наназад. Сите тие се едно семејство и мислам дека тоа е причината што ова место е толку богато – изјави таа.