“ШТОТУКУ ГО ДОБИВ СЕДМОТО ДЕТЕ!“ – легендариот холивудски актер Роберт де Ниро стана повторно татко на 79-годишна возраст

Семејството на Роберт де Ниро (79 г.) штотуку се зголеми, а портпаролот на актерот потврди за магазинот Page Six во вторникот дека актерот го дочекал своето седмо дете.

Портпаролот не го открил името или полот на новото дете на Роберт Де Ниро.

Во меѓувреме, во понеделникот, познатиот актер се најде на насловните страници поради корекција на новинарот на ET Canada кој кажа дека актерот е татко на шест деца додека Роберт де Ниро појасни дека – „штотуку го добил седмото дете“.

Роберт де Ниро и неговата партнерка Тифани Чен ја објавија својата врска минатата година кога беа фатени како заедно го прославуваат неговиот 78 роденден во Франција. Двојката се запознала во 2015 година за време на снимањето на филмот „The Trainee“.

Една од најголемите холивудски ѕвезди за прв пат стана татко во 1971 година, кога тој и неговата тогашна сопруга Дијана Абот ја добија ќерката Дрена, која денес има 51 година. Поранешниот пар се родители и на синот Рафаел (46 г.).

Покрај тоа, Роберт де Ниро ги има синовите близнаци Арон и Џулијан (27 г.) со поранешната девојка Туки Смит, како и синот Елиот (25 г.) и ќерката Хелен (11 г.) со поранешната сопруга Грејс Хајтауер.