ШТО АКО МОЌНИОТ ТЕЛЕСКОП ОТКРИE ВОНЗЕМЈАНИ? НАСА тајно одржала конференција за проект вреден десет милијарди долари (ФОТО)

Американската вселенска агенција НАСА одржа тајна конференција на која се разговараше што ќе се случи доколку моќниот телескоп „Џејмс Веб“ открие постоење на вонземјани.

Ова го наведува Дејли Мејл, кој пишува дека Мишел Талер, помошник директорка за научна комуникација на НАСА, изјавила дека агенцијата е отворена за можноста овој телескоп, лансиран на Божиќ 2021 година и вреден десет милијарди долари, да го потврди постоењето на нови форми на живот.

Телескопот „Џејмс Веб“ беше лансиран за да ги реши мистериите на нашиот Сончев систем, да открие далечни светови околу други ѕвезди и да ја испита мистериозната структура и потекло на нашиот универзум и местото што го зазема нашата планета во него, се наведува на официјалната веб-страница на НАСА.

Телескопот Џејмс Веб

Талер на конференција во Њујорк рече дека овие мистерии вклучуваат откривање на вонземјани.

– Ние всушност работиме на потрагата по вонземска интелигенција. Има научници кои го бараат небото за знаци на вонземски цивилизации. „Имавме конференција за тоа што ќе се случи ако вселенскиот телескоп Џејмс Веб ја набљудува атмосферата на планета која орбитира околу друга ѕвезда и гледаме работи што не изгледаат природни“, рече Талер.

Таа изјави дека сомнителните знаци може да бидат загадување низ планетата.

– Прашање на време е кога ќе биде откриен вонземски живот. Можеби станува збор за микробен живот на Венера, Марс или најголемата месечина на Сатурн, Титан. Телескопот Џејмс Веб секојдневно испраќа вредни податоци. Може да открие хемикалии и гасови околу планетите околу други ѕвезди. Се надевам дека оваа година ќе откриеме една од планетите која е слична на Земјата – изјави претставник на НАСА.

Британскиот таблоид потсетува дека Пентагон најави дека ќе отвори веб-страница на која ќе се објавуваат документи од кои е отстранета ознаката „Топ тајна“, а кои се поврзани со информации за неидентификувани летечки објекти (НЛО).

Соопштението од американското Министерство за одбрана дојде откако поранешниот разузнавач Дејвид Граш сведочеше пред Конгресот дека Пентагон „прикрива докази за постоење на вонземски живот“.

Изработката на оваа веб-страница е сè уште во тек и треба да објави сведоштва и фотографии од необјаснети појави.