ВИДЕО | Украинците за влакно ќе ја погодиле омилената вила на Владимир Путин !? Објавена снимка од нападот над Завидово – местото каде што претседателот на Русија често оди на лов

Весникот Moscow Times објави дека рано утринава бил спречен обид за напад со украински беспилотни летала врз резиденцијата на претседателот на Русија, Владимир Путин.

Во описот на видеото што го објави Moscow Times на социјалната мрежа Телеграм, се наведува дека се гледа момент на уништување на дрон над селото Завидово во областа Твер, каде што се наоѓа една од резиденциите на првиот човек на Кремљ.

Завидово, Русија
географска мапа – Завидово, Русија

Се потсетува дека московскиот градоначалник Сергеј Собјанин објави дека руската против-воздушна одбрана уништила беспилотни летала во регионот Калуга и во областа Истрина во близина на руската престолнина.

Завидово се наоѓа на само 110 километри северозападно од Москва.

Владимир Путин
Владимир Путин

Yahoo News пренесува извештаи од украинските медиуми дека државната резиденција „Рус“ се наоѓа на околу 19 километри западно, во шума, во област полна со речни меандри и острови.

Погледнете го видеото од нападот што го објави Moscow Times ОВДЕ.

Во минатото се вели дека советските, а подоцна и руските лидери оделе на лов во областа, а Владимир Путин, за кој се вели дека не е љубител на ловот, ретко ја посетува резиденцијата.