,,Што гледаш, злобнику” – По судењето, мајката на момчето – убиец помина покрај фотографиите на починатите деца, родителите викаа по неа
Родителите на убиените деца во „Рибникар“ поставија фотографии од своите деца пред судницата каде својата одбрана денеска ја изнесоа мајката и таткото на момчето убиец. Кога заврши рочиштето, мајката на момчето-убиец излегла и ги погледнала сликите на убиените деца, а нивните родители и’ викале: „Што гледаш, злобнику“, пренесува Блиц.
Кога мајката на момчето-убиец ја напушти судницата, родителите и викаа: „Чудовиште, злобно, што гледаш, што гледаш?!“ .
Да потсетиме денеска немаше изјава од одбраната, а судењето продолжува на 29 февруари и 1 март.
Адвокатите на родителите на момчето – убиец побараа јавноста да се врати во судницата и да се разгледа одлуката за присуство на јавноста на судењето, за да нема шпекулации и нагаѓања и јавноста да ги има вистинските информации.