Што е ова поѓаволите!? Вработените шокирани од глетката на листот од зелена салата: Видовме одвратни работи, вакво нешто не сме виделе до сега (ФОТО)
Работник во супермаркет објави морничава слика од животно кое изгледа како пајак со 21 нога на парче зелена салата!
Страшната сцена е снимена во продавница во Истбурн, Источен Сасекс. Еден од работниците потоа ја објавил фотографијата на група на социјална мрежа посветена на инсектите и побарала помош од експерти за идентификација.
– Работам во мала продавница и колешка ми испрати фотографија! Што е ова? Дали е воопшто бубачка или е нешто друго? Видовме многу одвратни работи, но ова е врв – изјави работникот.
Објавата предизвика илјадници коментари, некои се шегуваа, но имаше и многу луѓе кои беа исплашени.
На крајот се покажа дека не е ниту бубачка , ниту пајак, туку дека на листот од салатата има остатоци од растенија.
– Тоа е дел од цвет од глуварче. Тоа е дел од држачот на цветот и на семките – објасни еден експерт.
После тоа, работникот се заблагодарил за помошта.
– Благодарам на сите што помогнаа и на оние што ме насмеаа! Јас и мојот тим сега можеме да продолжиме да работиме – напиша работникот.