39 години помладата жена на Лазар Ристрвски сподели фотографија од детството: Еве како Аница Лазиќ изгледала како девојче (фото)

Во тек е трендот на Инстаграм каде што корисниците објавуваат фотографии од детството со натпис „мини јас“. Многумина го испробаа овој тренд, па имаме можност да видиме како многу познати и непознати личности изгледале како деца. На тој тренд не одолеа ниту девојката на Лазар Ристовски, Аница Лазиќ.

Таа на своето Инстаграм стори објави фотографија од детството.

Лазар Ристовски се разведе од Даница минатата година, по 4 децении брак, а во јавноста одекна информацијата дека разликата во години меѓу него и неговата нова девојка е 39 години.

Инаку, Аница Лазиќ стана позната по улогите во сериите „Дрим тим“ и „Попадија“, а глумеше и во филмот „Руски воз“. По професија е психолог, а студирала во Падова. 

Судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, Аница е многу приврзана за семејството, па често споделува фотографии од татко и’ и мајка и’, а има и сестра и двајца браќа. Често патува, па има фотографии од Прага, Берлин, Париз, Малдиви, Црна Гора, Хрватска, Дубаи, Истанбул и други дестинации.