29 февруари или Денот на престапот е редок и посебен ден кој се случува еднаш на четири години и ја означува престапната година. Со додавањето токму на овој ден во нашите календари годината добива уште 24 часа плус и трае 366 дена.
Идејата на престапната година е да помогне во прилагодувањето на Грегоријанскиот календар со соларниот календар.
Имено, додека светот го следи Грегоријанскиот календар од 365 дена, на планетата всушност и се потребни 365 дена, 5 часа, 48 минути и 46 секунди за да орбитира околу Сонцето.
Според НАСА иако годината е заокружена на 365 дена дополнителните шест часа не исчезнуваат туку се додаваат во вид на престапна година.
Дополнителниот ден им помага на календарите и годишните времиња да се синхронизираат и да не направат промени врз сите важни циклуси на Земјата.
Според истражувањата без престапни години за 700 години, летото на северната хемисфера ќе почнува во декември.
Покрај неговото важно значење за синхронизирање со соларниот календар, Денот на престапот во различни култури добива и различно културно значње.
На пример градот Ентони во Тексас гордо се прогласува себеси за „Светска престолнина на престапна година“ и е домаќин на фестивал посветен токму на таа година.
Бебињата кои се раѓаат на 29 февруари во некои култури се сметаат како посебни бебиња кои имаат посебни и интересни таленти. Иако во светот постојат околу 4 милиони луѓе родени на овој ден, математичките пресметки велат дека можноста да се роди бебе на 29 февруари е приближно 1 на 1.461.
Овој ден е познат и за креирање на различни маркетинг кампањи кои нудат попусти и привлекуваат купувачи.
Според научниците престапната година нè поттикнува да размислуваме за сложеноста на мерењето на времето и генијалноста на човечките напори за негово организирање и разбирање.
Наредниот Ден на престапот ќе биде на 29 февруари 2028 година.