Во здравите врски, партнерите си помагаат меѓусебно да развијат особини и способности за да се доближат до нивните идеали.Психологот Марк Траверс го нарекува феноменот Микеланџело, преку кој партнерите се обликуваат меѓусебно во најдобрата верзија од себе со поддршка, љубов и позитивни афирмации.
„Ваквите врски не само што го зголемуваат личниот развој, туку и ја зајакнуваат поврзаноста и задоволството од врската“, изјави тој за Psychology Today.
Ова се знаци на феноменот Микеланџело во врската, односно знаци дека партнерот ви помага да станете подобра верзија од себе.
„Еден од клучните знаци на феноменот Микеланџело е партнерот кој ги поддржува вашите цели и соништа. Истражувањата покажуваат дека таквите врски обезбедуваат емоционална сигурност, ја намалуваат анксиозноста и ја зголемуваат самодовербата, што го олеснува соочувањето со предизвиците и истрајноста во постигнувањето на целите. “ објаснува Траверс.
Партнерот кој верува во вас може да ја зголеми вашата мотивација и да ви помогне да донесувате одлуки кои се насочени кон личен раст, како што е изборот на предизвикувачки, но исполнети можности. Друг знак е чувството дека се приближувате до идеалната верзија на себе.
“Усогласувањето со личните идеали преку врската го зголемува чувството за автентичност и благосостојба. Таквиот партнер може да ви помогне да ги надминете несигурностите, да истражувате нови аспекти од себе и да развиете особини или амбиции кои претходно биле занемарени”, вели психологот.
На овој начин, љубовната врска ви овозможува да откриете „побогати и поавтентични димензии“ на себе.
“Ако се чувствувате поддржани во вашата врска и поблиску до идеалната верзија на себе, вашата врска може да биде одраз на феноменот Микеланџело. Ова е можност за понатамошен раст, и лично и како партнер со взаемна поддршка и љубов”, рече Траверс.