Што значи малиот засек на увото што го имаат многу мачки?

Веројатно сте забележале дека многу мачки имаат мал засек на увото. Дали знаете што значи тоа?

Имено, за да се знае дека мачката е кастрирана и стерилизирана, мора да и се отсече дел од увото под анестезија за полесно да се разликува од некастрираните мачки.

Значи, мачките со засек на увото се прегледани и третирани, стерилизирани и здрави и под контрола на згрижувачи и волонтери. По кастрација и стерилизација на мачката, таа треба да се врати на местото од кое е земена. Не се препорачува дислокација од неговото живеалиште, соопштија претходно од здружението Права Шапа.

Пожелно е опоравување од три до четири дена исклучиво во кафез, но тоа не е секогаш задолжително. Мачките во лактација се враќаат веднаш по будењето од анестезија и се стерилизираат со латерална метода, која и овозможува на мачката да продолжи да ги дои мачињата веднаш по враќањето.

Стерилизирана/кастрирана мачка нема да се пари неколку пати годишно, ќе има подобар имунитет, нема да предизвикува бучава или да се кара со други мачки.