Санкционирани 30 пијани возачи на територија на СВР Битола

 Во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што казнети се 30 возачи, од кои 15 на територија на Битола, 11 во Прилеп, два во Македонски Брод и по еден во Ресен и Демир Хисар.

Како што соопшти МВР, за време на контролата биле санкционирани и 20 други видови прекршоци. Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.