Што ли прават овие луѓе! Скандал на Вимблдон! Организаторите го исфрлија финалистот од теренот – причината за тоа е бизарна!

Пред почетокот на финалето на Вимблдон се случи голем скандал, бидејќи организаторите ја исфрлија финалистката во сингл во женска конкуренција Онс Џаберт од загревањето пред финалето на Централниот терен, пишуваат британските медиуми.

Причината е што Тунижанката излезе на загревање во црна опрема, со намера да се подготви, да го почувствува теренот, а потоа да отиде во соблекувална и да се пресоблече, но тоа не ѝ било дозволено.

„Би-Би-Си“ пишува дека Онс штом згазнала на тревата на Централниот терен, била вратена назад во соблекувалната!

На Вимблдон се почитуваат многу строги правила кога станува збор за облекувањето и задолжително е сите тенисерки и тенисерки да бидат облечени во целосно бели комбинации, но оваа година на тенисерките им е дозволена црна долна облека.

„Натпреварувачите мора да бидат соодветно облечени за тенис, што значи речиси целосно во бело. Ова важи од моментот кога ќе стапнат на теренот“, се вели во правилата на Вимблдон, а поранешниот Грен слем шампион Крис Еверт го поддржа овој потег на турнирот.