„Што направив за да го заслужам ова? Тажна порака од ќерката на Снуп Дог по мозочен удар (фото)

Ќерката на Снуп Дог, пејачката Кори Бродус, доживеа мозочен удар на 24-годишна возраст. 

Несреќната девојка вчера се огласи од болница и ги информираше следбениците што и’ се случило.

– Имав мозочен удар утрово. Почнав да плачам кога ми кажаа што ми се случило  – напиша таа.

Ќерката на познатиот рапер поради ова е очајна, па се запрашала зошто тоа и’ се случило кога е толку млада.

– Мислам, имам само 24 години. Што направив во минатото за да го заслужам ова? – се запраша таа.

Во текот на денот, Кори објави и фотографија од болничкиот кревет, како и пораки за поддршка што ги добила од пријателите и обожавателите.