Што потпишаа Путин и Бин Салман: Зајакнување на соработката во нафтата и осуда на воената акција во Палестина
Рускиот претседател Владимир Путин и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман одржаа средба во Ријад, а по средбата во јавноста беше претставено заедничко соопштение кое крие многу детали.
По разговорите меѓу Путин и Бин Салман, во заедничко соопштение се наведува дека Саудиска Арабија и Русија ќе ја прошират соработката во нафтата и гасот.
„Земјите се согласија да ја зајакнат соработката во областа на одбраната, како и соработката во областа на мирољубивата нуклеарна енергија“, се вели во соопштението.
Путин и престолонаследникот разговарале и за Иран и ја истакнале важноста на посветеноста на Техеран на т.н. мирољубивата природа на нуклеарната програма.
„Русија и Саудиска Арабија се залагаат за итен прекин на воените операции на палестинските територии. Ги поддржуваме и напорите за решавање на кризата во Јемен“, рекоа тие.
Исто така, на средбата Путин го поздрави подобрувањето на односите меѓу Саудиска Арабија и Иран.
„Руската Федерација и Саудиска Арабија се надеваат дека продолжувањето на активностите на Сирија на состаноците на Советот на министри за надворешни работи на Лигата на арапските држави ќе помогне да се реши сириската криза“, велат тие.