ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ТЕЛОТО АКО ПИЕТЕ ВОДА СО ЛИМУН 30 ДЕНА: Нутриционист ја пробал и бил воодушевен – влијае и на ПРИТИСОК!
Ефектот на водата со лимон врз здравјето го покажа експеримент спроведен од нутриционист.
Сигурно сте слушнале дека водата (по можност топла) со лимон, доколку ја пиете на празен стомак, може да го забрза метаболизмот и да ви помогне да ослабете. Покрај тоа, лимонот помага да се алкализира телото и да се врати рамнотежата на pH во него. Дали е навистина така и што всушност се случува ако го пиете овој “ароматичен пијалок” 30 дена, откри нутриционистот Џордан Пауерс Вилард.
Како што истакнува, водата со лимон може многу да помогне за здравјето, но и за убавината . Така таа спровела 30-дневен експеримент во кој непрекинато го пиела овој пијалок еден месец, а резултатите ги објавила во колумна на веб-страницата “Eat This Not That!”.
Нутриционистката открила дека пиела 8-12 чаши вода со лимон дневно, додавајќи по 30 милилитри сок од лимон, како и пулпата и исечената кора. По еден месец забележала дека косата, ноктите и кожата и станале посилни и поздрави. Покрај тоа, секојдневната употреба на овој пијалок влијаеше и на кожата на Џордан, нејзината состојба драстично се подобри. Тенот стана забележително помазен, осипот на лицето исчезна дури и во предменструалниот период, кога хормоните “дивеат” .
Исто така, во текот на целиот месец, крвниот притисок бил во границите на нормалата, а ноќните грчеви во мускулите на нозете исчезнале. Друга позитивна страна на пиењето вода со лимон беше тоа што научи да го контролира апетитот и симптомите на ПМС беа ублажени.