Што се случува во Јапонија? Илјадници тони мртви риби се појавија на бреговите: Мештаните во шок – „Вакво нешто не сме виделе“ (ВИДЕО)
Градската власт на Хакодате на официјалната веб-страница навела дека жителите во никој случај не ја јадат таа риба!
Неколку илјади тони мртви сардини се излеале на бреговите на Јапонија, а причината се уште не е позната, соопштија денеска јапонските власти.
Сардините и скушата се појавија на брегот на градот Хакодате, на најсеверниот главен јапонски остров Хокаидо, во должина од околу еден километар, пренесе АП.
Локалните жители велат дека никогаш не виделе вакво нешто, а некои се собрале да ја соберат рибата за да ја продадат или изедат.
Сепак, градската власт на Хакодате на официјалната веб-страница навела дека жителите во никој случај не ја јадат рибата. Такаши Фуџиока, истражувач во Институтот за рибарство, рече дека и претходно слушнал за слични феномени , но дека ова е прв пат да види такво нешто.
Тој истакна дека е можно сардините да биле „бркани“ од поголеми риби, да се исцрпеле поради недостиг на кислород додека се движеле во густо набиена јаглена и брановите да ги турнале на копно.
Друга можност, додава Фужиока, е рибата да наиде на студена вода за време на миграцијата.
– Сепак, не знаеме точно под кои околности овие риби се исфрлени на брегот, па затоа не препорачувам да ги јадете – рекол истражувачот.