ШТО СЕ СЛУЧУВА !? Првата сопруга на Том Круз го вовлече актерот во контраверзен култ за кој тој денес е многу поврзан: Холивудската-ѕвезда поради оваа ‘секта’ се откажал од ќерка си…

Том Круз е еден од најголемите застапници на скиентологијата денес. Актерот отишол толку далеку во своите верувања поради што не сакал да си ја види ќерка си со години, додека со посвоената ќерка од бракот со Никол Кидман успеал да се скара, поради што неодамна го обновиле контактот.

Поради опседнатоста со скиентологијата, актерот не е во контакт ниту со Кејти Холмс, а истот план го подготвил и за секоја своја поранешна девојка.

Сепак, малку е познато дека актерот, пред сите овие познати дами, бил во врска со актерката Мими Роџерс, а токму таа го запознала со Скиентолошката црква, која на крајот се покажало дека е неговата ѕвезда водилка.

Мими и Том беа во брак од 1987 до 1990 година, а таа всушност била воспитана според скиентолошките правила и верувања уште од детството. Иронијата е што иако така пораснала и го запознала актерот со култот, денес нема никаква врска со озлогласената „црква“, што сепак е прилично изненадувачки.

По нејзиниот развод со Круз, јавноста се сети на нејзината изјава дека тој мисли дека мора да остане во целибат за „да ја одржи чистотата на својата алатка“.

Тие двајца се запознале на вечера за време на снимањето на филмот „Top Gun“ кој се прослави во Холивуд, а како што подоцна изјавил Круз, привлечноста меѓу двајцата се почувствувала веднаш. Само неколку месеци откако стапија во врска, тие решија да направат чекор понатаму, а во мај 1987 година ја потврдија својата вечна љубов.

Наводно на таа тајна венчавка биле само мајката на Круз и неговиот кум, Емилио Естевез.

За жал, нивниот брак не траеше долго, па заврши во 1990 година. Своевремено, поранешната двојка даваше две различни верзии за деталите за раскинувањето.

Првично, имаше тврдења дека Мими била љубоморна на кариерата на Круз која се повеќе и повеќе била на нагорна патека. Се појавија и шпекулации дека е пресудно што актерот е шест години постар од неа.

Кога беше објавено дека се разведуваат, парот објави многу збунувачко соопштение за медиумите:

Иако имаше позитивни аспекти во нашиот брак, имаше некои прашања кои не можеа да се решат дури и откако работевме на нив извесно време“, соопштија тогаш.

Меѓутоа, Мими подоцна за магазинот Playboy откри дека еден од проблемите е тоа што Том сакал да стане монах.

Па, еве ја вистинската приказна. Том сериозно размислуваше да стане монах. Барем во тој временски период, бракот не се чинеше дека одговараше на неговите севкупни духовни потреби“, изјави таа тогаш.

Денес, Мими активно се занимава со актерство и е во брак со филмскиот продуцент Крис Сиаф, со кој има две деца. Моментално ја игра главната улога во серијата „Bosch: Legacy“. Таа целосно ја оставила скиентологијата зад себе, а со текот на годините таа ретко се појавуваше во јавноста.

Таа за прв пат после долго време се појави на доделувањето на наградите „Грејси“, а нејзиното доаѓање предизвика голем интерес.

Актерката која денес има 66 години изгледа многу убаво и се уште е многу активна во актерството, иако претходните години повеќе се занимаваше со театарот.