ШТО СЕ СЛУЧУВА !? 29 лица го загубија животот во пожар во болница во Пекинг – Кина нареди итна истрага: “Некои работи се многу збунувачки…“

Кина нареди истрага за пожарот во болница во Пекинг во кој животот го загубија 29 лица. Ова е еден од најсмртоносните пожари во главниот град во последниве години, но многу објави на социјалните мрежи за инцидентот беа избришани бидејќи луѓето се сомневаа во доцнењето на објавувањето на вестите.

Меѓу жртвите, 26 лица се болнички пациенти“, изјавил официјалниот претставник, додавајќи дека пожарот избувнал во крилото каде се сместени критично болните пациенти.

Драматични видеа од луѓе кои користат врзани чаршафи за да се качат по зградата за да избегаат од чадот и пламенот, беа забележани на социјалните мрежи откако пожарот избувна околу 13 часот по локално време во вторникот во болницата „Changfeng“.

За време на спасувањето, евакуирани се 71 лице. До 18 часот животот го загубија 29 лица, објави Beijing Daily.

Според локалните извештаи, пожарот бил изгаснат половина час подоцна.

Владата во Пекинг најави дека во среда напладне ќе одржи прес-конференција. Локалните медиуми јавија дека истрагата е во тек.

Властите во средата го блокираа пристапот до болницата. Можело да се видат скршени и изгорени прозорци, а на местото на настанот биле распоредени силни полициски сили, вклучително и полиција во цивилна облека, изјавиле очевидци за медиумската агенција Reuters.

Објавите на социјалните мрежи за пожарот што кружеа на WeChat неколку часа беа или цензурирани или избришани, тврди по проверките медиумската агенција Reuters.

Во една сè уште видлива објава, болницата е критикувана дека на својата официјална сметка на WeChat во февруари се фалела дека е подготвена во случај на пожар.

Спасувачките напори на местото на несреќата беа завршени за 3,5 часа, но јавноста дури по 20 часот дозна дека 29 луѓе загинале во пожарот“, напиша едно лице на социјалната мрежа WeChat во објавата која подоцна била избришана.

Многу е збунувачки што малку информации беа познати пред официјалното соопштение за пожарот во кој загинаа 29 луѓе во густо населен голем град како Пекинг“, се вели во коментарот.

Причината за пожарот е под истрага, според извештаите на државните и локалните медиуми.