Што се случува со предвремено родените бебиња во болницата Ал-Шифа во Појасот Газа? (ВИДЕО)

Министерството за здравство во Газа соопшти дека денеска се евакуирани 30 предвремено родени бебиња од болницата Ал-Шифа и дека тие ќе бидат префрлени во болниците во Египет, пренесува АП.

Тимот на Светската здравствена организација кој ја посети најголемата болница во Газа во саботата рече дека 32 бебиња се меѓу десетиците критични пациенти кои останале во болницата, која минатата недела беше нападната од израелските сили.

Претходно, директорот на болницата Ал-Шифа, Мухамед Закут, изјави дека еден од тимовите на СЗО се упатил кон болницата за да ги евакуира бебињата, кои се во тешка состојба.