Што се случува со телото ако јадете јајца секој ден? Диететичарот даде јасен одговор кој на многумина ќе им се допадне

Јајцата се навистина суперхрана, но дали може да јадеме премногу од нив и дали во тој случај ќе му наштетат на нашиот организам?

Кога станува збор за хранливата вредност, јајцата е една од најмоќната храна што можеме да ги внесеме во нашиот организам.

– Заедно со млекото, јајцата содржат највисока биолошка вредност или златен стандард на протеини – напиша на својата корпоративна веб-страница Кетлин М. Зелман, регистрирана диететичарка и директорка за исхрана за WebMD.

Според неа, едно јајце има само 75 калории, но затоа има 7 грама висококвалитетни протеини, 5 грама масти и 1,6 грама заситени масти, заедно со железо, витамини, минерали и каротеноиди. И не само тоа, туку, како што наведува Кетлин М. Зелман, јајцата се лесни за конзумирање, добро ги поднесуваат и младите и старите, можеме да ги прилагодиме на секој оброк, а што е многу важно – тие се евтини.

Јајцата се навистина суперхрана, но дали може да јадеме премногу од нив и дали во тој случај ќе му наштетат на нашиот организам?

Иако „Medical News Today“ наведува дека нема ограничување на бројот на јајца што човек може да јаде, 3 до 5 јајца дневно се сметаат за сосема безбедни – советува Кетлин М. Зелман.