Новак тука ги поминал најтешките денови од својот живот! Ѓоковиќ го шокира американски новинар и му покажал каде се криел од бомбите на НАТО! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери во историјата на овој спорт, но до врвот стигна по трнлив пат.

Ноле израснал во Србија, каде што немал секогаш идеални услови за работа, а ја преживеал и агресијата на НАТО, која му останала во сеќавање.

Шоковиќ пред три години го угости Греам Бесинџер, новинар од телевизијата „Ен-Би-Си 5“ и му го покажа засолништето во кое се криел од бомбите на НАТО.

Сега оваа емисија повторно е актуелна на споменатата телевизија, а зборовите на Новак сè уште како ѕвоно одекнуваат.

– Се наоѓаме во засолништето под станот каде се криевме. Секоја вечер ја поминувавме овде најмалку 14-15 ноќи последователно за време на бомбардирањето. Лудо е кога ќе помислите колку луѓе имаше во ова засолниште и се криеја од опасноста која доаѓаше од воздухот. Остана исто како и пред 20 години – ја започна приказната Новак, а потоа одговори на прашањето колку луѓе биле со него во засолништето:

-Се обидувам да се сетам, цела зграда беше тука, преку 50 стана беа во зградата, многу луѓе. Нема многу простор. Вака малите тунели, вратите беа затворени во случај на пожар, детонација, експлозија…

Потоа прпдолжи:

– Сè е таму, оние ќошиња каде луѓето се криеха и барааа безбедно место. Сега сè изгледа поинаку, одамна не сум бил тука, не се сеќавам на многу работи. Бев многу мал, во страв, се плашев. Емоционално беше тешко, не знаев што може да се случи покрај моето семејство. Се сеќавам дека во првите неколку дена имаше многу страв и трепет, солзи, страдање. И по пет-шест дена луѓето почнаа да пеат, да играат карти и да ја прифаќаат реалноста со која се соочуваат и дека ќе мора да доаѓаат овде секоја вечер и да се молат сè да биде во ред и да гледаш на работите од позитивна страна – изјави Новак. американски новинар.