ШТО TOA ЃОКОВИЌ БИ МОЖЕЛ ДА СОКРИЕ ВО ТОРБАТА? Необична сцена од Париз, Новак помина ДЕТАЛНА КОНТРОЛА пред да ИЗЛЕЗЕ на тренинг

Третиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ во понеделник ќе го започне своето учество на Ролан Гарос .

Противник на Србинот ќе биде Американецот со српско потекло Александар Ковачевиќ, а непосредно пред мечот на официјалните сметки на овој Грен слем на социјалните мрежи се појави интересно видео.

Ѓоковиќ пристигна во комплексот во Булоњската шума за да го одработи последниот тренинг и подготовките пред првиот осминафинален натпревар, но пред да излезе на теренот мораше да мине контрола.

Обезбедувањето детално ги прегледало чантите со опремата на Новак, а на видеото може да се види дел од контролата и моментот кога српскиот тенисер покажува што има во една од торбите.

Иако ова е секојдневие на тенисерите, немавме можност често да го гледаме процесот на минување низ обезбедувањето.

Инаку, Новак остана на третото место на новата АТП листа која излезе овој понеделник.

Доколку го победи Ковачевиќ, во второто коло ќе игра против Мартон Фучовиќ.

А, доколку нема поголеми изненадувања, Ѓоковиќ на патот до финалето би можел да игра против Андреј Рубљев, додека противник во полуфиналето би требало да му бидат Карлос Алкараз или Стефанос Циципас.