Михаел Шумахер, легендарниот Формула 1 возач, наводно првпат се појавил во јавноста на свадбата на неговата ќерка Џина.
Џина Шумахер во саботата на Мајорка се омажи за Иан Бетке со кого е во долгогодишна врска, а свадбената церемонија се одржа на шпанскиот остров во семејната вила од 30 милиони евра, на која наводно присуствувал и Михаел Шумахер.
Како што наведе „Дејли мејл“, семејството Шумахер ја купило вилата од претседателот на ФК Реал Мадрид, Флорентино Перез, а гостите не смееле да влезат во просториите на вилата со мобилни телефони, туку морале да ги остават.
Како што дури изјави германски „Блид“, на венчавката бил присутен и Михаел Шумахер.
„ Дали Шуми навистина беше присутен на свадбата во саботата? Можно е. Дури и многу можно. Сепак, тој не беше во градината, каде имаше други гости, од кои некои, без сомнение, не припаѓаат на најтесниот семеен круг “. . вели „Билд“.