Ѓоковиќ, Алкараз и Синер го плаќаат да тренира со нив: Кој е најбараниот Британец за кој никој не знае?
Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз и Јаник Синер му плаќаат на британскиот тенисер Адам Џонс да тренира со нив. Тој ја сподели својата приказна со медиумите.
Ги гледаме Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз и Јаник Синер на тревата на Вимблдон во натпреварите, како се борат за победа и ја пефрлаат топката. Она што не го гледаме секогаш се деталите што се случуваат зад сцената, како што е тренингот. Значи, еден човек по име Адам Џонс е најбараниот човек на Вимблдон. Зошто? Затоа што сите сакаат да тренираат со него, а сепак му плаќаат за тоа.
Од 2022 година, Адам реши да аплицира за спаринг партнер за играчи на Вимблдон. Има 27 години, сè уште активно игра тенис, но неговиот најдобар ранг во кариерата е 573-та позиција и заработил вкупно 22.386 долари. Затоа решил да најде решение на друг начин и да тренира со најдобрите и да заработи нешто по патот. За тоа, му плаќаат 125 долари дневно.
„На некој начин го живеам својот сон, неверојатно е. Мајка ми ме гледаше како тренирам со Новак на Вимблдон еднаш и тоа е едно од најубавите тениски сеќавања што ги имам. Иако никогаш не сме играле натпревар, неверојатно е да можам да кажам дека тренирав со овие неверојатни луѓе“, изјави Џонс за „Тајмс“. Тој објави фотографии од тренинзите со Новак, Карлос Алкараз, Јаник Синер…
Џонс откри за време на интервјуто дека не го прави ова за пари и дека тоа не е неговата главна причина. Тој заработува 125 евра дневно за своите улоги како спаринг партнер, покрај тоа добива храна и бесплатно одржување на рекетот, додека мора сам да плати за сместување и останатото. Минатата година, тој патуваше со Дона Векиќ шест месеци и беше нејзин спаринг партнер. Таа му плати за тоа и ги покри трошоците.
Тој исто така добро се сеќава на своето деби во 2022 година на Вимблдон и деталите од тренингот што го имал тогаш.
„Разменив топки со Ѓоковиќ, Данило Медведев и Каспер Руд. Мојот последен час беше сет со Јаник Синер“, заклучи Џонс.