Ѓоковиќ беше запрашан за соработката со Бекер и Руне: Новак откри што најпрво направил Борис кога му станал тренер

Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Париз, каде го очекува Мастерсот од серијата 1000.

Пред овој турнир се одржа прес-конференција на која Новак одговори на повеќе теми, меѓу кои и соработката на неговиот поранешен тренер Борис Бекер и со Хоргер Руне, еден од најголемите таленти.

– Мислам дека е многу добра одлука на Холгер да го повика Борис да му се приклучи на неговиот тим. Борис е легенда на нашиот спорт, некој што знае, кој толку добро ја разбира играта од перспектива на играч и од перспектива на тренер. Тој работи толку многу години… Тој е неверојатно интелигентен, паметен човек, многу самоуверен. Знаете дека тој е познат по својата ментална сила и способност да го изведе најдоброто кога е под притисок. Затоа, мислам дека тоа е одличен потег за Холгер, тој е млад играч кој веќе се етаблираше во топ 10 во светот. Но, едно е да се стигне до топ 10, а друго е да се достигне друго ниво, да се освојуваат Грен слем турнири и да се стигне до првото место. Тој учи за тоа. Нормално е да доживеете некакви осцилации, подеми и падови со вашите резултати. Холгер го познавам неколку години, трениравме кога беше помлад и многу ми се допаѓа неговата игра. Мислам дека има огромен потенцијал, потенцијал да освои Грен слем. Ги видов како играат шах. Тоа беше првото нешто кога Борис дојде во нашиот тим, го запозна нашиот тим со играње шах. И мислам дека е одлично за фокусирање, за ментална сила и стратегија. Борис е драг пријател, некој кој поминал низ многу во последните неколку години. Навистина ми е драго што го гледам повторно на турнеја како тренер. Веројатно нема да биде толку убаво кога ќе го видам во спротивниот табор ако играм против Холгер – изјави Ѓоковиќ.